Милошоски знае како може да се поништи правосудниот испит на синот на Џафери

by Fokus

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, е убеден дека правосудниот испит на синот на Талат Џафери, Барлет, кој го положил пред да заврши соодветно образование, може да се поништи врз основа на членот 124 од Законот за општа управна постапка.

„Решението на овој правен и политички скандал со Б. Џафери лежи во примената на членот 124 од Законот за општата управна постапка, каде што е утврдено дека за ништовен се огласува управниот акт кој со своето извршување би можел да предизвика некое дело казниво според Кривичниот законик и во други закони и што содржи неправилност, која според некоја изречна законска одредба е предвидена како причина за ништовност. Во конкретниов случај, Уверението за положен правосуден испит издадено на Б. Џафери е управен акт“, вели Милошоски.

 

Поврзани новости