Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој е поранешен министер за надворешни работи, тврди дека премиерот Зоран Заев во последните неколку месеци неуспешно се обидувал да договори состанок со францускиот претседател Емануел Макрон.
„Заев има еден советник кој лажно се претставува како “човек со врски во кабинетот на Макрон”. Претходно Заев имал друг советник, Ивана Јордановска, која денес објавува вулгарни пораки до претседателот на Франција. Затоа нека ве се чуди зошто премиерот Заев и покрај сите ургенции во последните неколку месеци не беше удостоен барем со покана за работна посета на Франција и кратка средба со Макрон. Во најмала рака министерството за надворешни работи уште денес би требало да се огради од ваквите навреди и говор на омраза и да упати нота на извинување до Париз“, напиша Милошоски на фејсбук.
Инаку, Макрон вчера порача дека Македонија и Албанија треба уште малку да почекаат за преговори со ЕУ.