Милошоски: Заев да се спреми за мирна транзиција на власта

by fokus

Премиерот во заминување, Зоран Заев и неговите најблиски соработници Венко Филипче и Оливер Спасовски да се спремат за мирна транзиција на власта, испорачувањето на недовербата на Владата и формирањето на ново собраниско мнозинство и нова Влада, порача членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на прес-конференција.

-Времето на Зоран Заев помина и што ќе се случува во СДСМ нас не не интересира, тоа е нивна работа, но што ќе се случува во Собранието ќе види Заев уште во текот на утрешниот ден кога на Владата на Заев која е во оставка ќе и биде изгласана недоверба. Затоа му порачуваме на Заев премиерот во заминување и на неговите најблиски соработници Филипче и Оливер Спасовски да се спремат за мирна транзиција на власта, испорачувањето на недовербата на Владата и формирањето на ново собраниско мнозинство и нова Влада која што ќе нуди решенија за проблемите кои што ги создаде Заев, Филипче и Оливер Спасовски, порача Милошоски.

Тој ги обвини функционерите од владејачката партија дека го изгубиле допирот со реалноста од изборниот пораз.

-Дали аплаузот којшто го даваше Венко Филипче беше можеби за вчера омилен директор Ден Дончев за којшто не знаеме каде се наоѓа неколку месеци или можеби аплаузот на Ковачевски и на Оливер Спасовски беше за Рашковски којшто е десна рака како генерален секретар на Владата на Зоран Заев долги години?!, рече Милошоски.

Поврзани новости