867
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска реагираше на исплатата на 500.000 евра за набавка на руска нафта од страна на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви.
-За министерот Бујар Османи од ДУИ голем проблем е кога граѓаните за 500 денари точат скапа нафта на Лукоил, но кога се големи пари во прашање ДУИ немаат проблем, па затоа нивниот Уљуси Бекири (директор на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви) купува голема количина на нафта од Лукоил, за што пред неколку дена им исплатил 500.000 евра Каква хипокризија, напиша Милошоски на Фејсбук.
Исплатата за нафтата е направена на четврти март, а договорот е склучен пред да почне руската инвазија, односно на девети февруари.