По годишното обраќање на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, со свој став пред медиумите даде Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.
„Работа што сакам да ја спомнам е неговата политичка зрелост да го прифати референдумот како волја на граѓаните, да го зачуваат Уставот на Република Македонија таков каков што е, бидејќи неуспешниот референдум навистина е патоказ и за пратениците, но и за извршната власт и Претседателот и дека мнозинството на граѓани не се согласува со наметнати решенија кои што власта се обидува преку уцени, амнестии и други политички пазарења да ги преточи во некој договор спротивен на вољата на наротот. И третата работа, она што посебно загрижува, а денес за прв пат го слушнавме во историјата на Република Македонија, но и од Претседателот на државата, дека тој и неговите соработници имаат сознанија дека врз основа на усна наредба Управата за безбедност и контраразузнавање, ги следи комуникациите на Претседателот на државата, на неговото семејство и на неговите блиски соработници. Доколку е ова вистина тогаш може да се смета како еден голем минус кој што создава правна несигурност и политичка несигурност не само за Претседателот на државата туку и за секој еден политичар или граѓанин затоа што би можел да биде условно кажано истиот или следниот кој што може врз основа на усна наредба да биде следен заради политички несовпаѓања или различни политики во однос на она што го спроведува извршната власт, истакна Милошоски.