Во моментов сме соочени со уцена која утре со убави зборови ќе се обиде да ја амортизира и сегашната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, коментира Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека досега многу видни лидери од Европа имале обраќање во македонскиот парламент, но без корист.
-Во Република Македонија досега се обратиле Хавиер Солана, Романо Проди, еврокомесарот Оли Рен. Сите имале одлични обраќања. Во Македонија сме имале такви одлични обраќања, од кои сме немале никаква придобивка – вели Милошоски.
Го почитуваме нејзиното време, додава тој, но си го почитуваме и нашето достоинство.
-Знаеме што е добро а што не е добро за Македонија и сметаме дека овој преседан каде што од земја членка се бара да се ревидира историја и да промени Устав за воопшто да може да почне преговори, и истите да бидат врзани со натамошни промени на учебници и историски личности, е понижувачки – истакна Милошоски.