465
Антонијо Милошоски е еден од ретките членови на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој јавно се огласи по синоќешниот пораз на партијата на Локалните избори.
Тој на социјалните мрежи напиша дека ВМРО не изгубило без одговорност, но според него добило и шанса да научи лекција.
-СДСМ, со сите притисоци и злоупотреби, не доби фер победа, но доби апсолутна одговорност пред граѓаните во државата! ВМРО не изгуби без одговорност, но доби шанса да научи лекција, да се поправи, за повторно да зајакне и да победи!
БЕСА ја учи разликата меѓу политиката и реалната примена. Села се заглави во плитката струшка вода на екстремизмот. ДУИ продолжува со проевропските рафали и “реформите” на плоштадот Скендербег-14%!?, нашиша Милошоски на фејсбук и твитер.