Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со разговори за новата влада

by fokus

Вчерашната средба меѓу Али Ахмети и Никола Груевски беше во насока на  формирањето на новата влада. Разговорите ќе продолжат во наредниот париод, откако двете партии ќе ги утврдат дополнителните насоки за преговори, изјави денеска Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, тој вели дека неговата партија останува на ставот дека нема да ги прифати барањата на ДУИ за двојазичност и зголемување на мандатот на СЈО.

Милошоски рече дека вечерва Извршниот комитет на партијата треба да разговара за деталите од средбата меѓу Груевски и Амети и да направи стратегија за понатамошните преговори.

Поврзани новости