Пописот кој е најавен во април месец е главна тема периодов на која се дискутира во собраниските врвови. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски смета дека пописот треба да се спроведе по електронски пат.
„ВМРО-ДПМНЕ предлага пописот да биде електронски затоа што ќе биде по ефикасен, затоа што ќе биде по економичен, и затоа што електронски попис е по европски. За власта и сите други субјекти да имаат поголема доверба и во електронскиот попис предлагаме електронскиот попис да има и свој мониторинг, а мониторингот да го вршат стручни лица и професори од Факултетот за информатика ФИНКИ. На тој начин стручните лица кои што се разбираат од бази на податоци и нив вкрстување ќе бидат одговорните субјекти кои што на цела јавност ќе и дадат убедување дека пописот е веродостоен, наместо да се попишуваат по партиска линија регрутирани попишувачи од СДСМ и ДУИ. Затоа сметаме дека власта треба да се одважи и да прифати електронски попис со мониторинг на стручни лица и професори од ФИНКИ“, истакна Милошоски.