Имавме средби со туристички, угостителски работници, и со туристички водичи во Охрид, и со здравствени работници, рече Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Главната загриженост е сериозната потешкотија со кое што Охридското крајбрежје се соочува во однос со туризмот. И заеднички заклучок беше дека онаа би рекол акција на делење на ваучери за жал се покажа како неуспешна за да му помогне на реално на туристичкиот сектор. Бидејќи дури и бројот на домашните туристи во Охридското крајбрежје е намален за 64%. Затоа сметаме дека власта наместо да менува во четири години три министри за финансии, подобро е да го смени концептот кон Охрид и Струга, и да понуди реални проекти што можат да му помогнат на градот, на туризмот и стопанството. Тоа се нашите заклучоци, и ќе пробаме преку Собранието заедно со пратеници од Охрид, да предлагаме закони, амандмани и решенија кои што можат да бидат и помош за граѓаните и за стопанството, дополни тој.