Милошоски: Владата не заборавила да има двајца директори во Фондот за осигурување, но заборавила пет години да назначи амбасадор во Пекинг

by Fokus

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во неговиот говор на денешната седница на Собранието, истакна дека владата нема никаква кадровска стратегија за коалиционите партнери кои ги повикува па ги отпушта од владините кругови.

„Не заборавила Владата да има двајца директори во Фондот за осигурување, но заборавила 5 години да назначи амбасадор во Пекинг. Тоа се приоритетите на власта, затоа што директорката од СДСМ и директорот од ДУИ треба да завршат одредени тендерски работи во Фондот за здравство и да даваат изјави кога има набавки, а ги нема 15-20 дена кога има проблеми и кога целото здравство е доведено во несигурност“, истакна Милошоски.

 

 

Поврзани новости