497
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешната расправа за ребалансот на буџетот истакна дека ако се има политичка волја, новата влада со ребалансот ќе оддели два милиони евра за обесштетување на граѓаните од Охрид, Струга и Ресен поради штетите настанати од земјотресите.
– Со тоа ќе им се помогне на граѓаните да ја поправат штетата направена од оваа природна непогода. Сега вие го браните буџетот, односно ребалансот или ги браните интересите на граѓаните на Охрид кои претрпеле штета – праша Милошоски.