Милошоски: СЈО повика 15 пратеници на ВМРО по референдумот, за да гласаат за уставни промени

by Фокус

По неуспешниот референдум околу 15 мои колеги пратеници, меѓу кои и јас, се повикани од страна на Специјалното јавно обвинителство за разни предмети, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, по распитот во СЈО за случајот за Моќник.

-Со тоа се покажува дека Обвинителството има своја политичка намена односно сите овие случаи и постапки и распити имаат за цел да принудат дел од пратениците да гласаат против волјата на народот, односно за измена на Уставот на Република Македонија. Предметите не би ги коментирал во подробности, но би кажал дека истите се неосновани и самиот тајминг на покренување на предметите после пропаднатиот референдум навестува дека СЈО има селективна правда и е политичка институција што сака да изврши притисок врз поголем дел на пратениците од опозицијата да гласаат за уставните измени. Според мене, волјата на народот е изразена на референдумот и е поважна од каков било притисок и ќе гласам против промена на Уставот – изјави Милошоски.

Инаку, Милошоски е првообвинет во случајот на СЈО против вкупно 13 лица, меѓу кои се и неговиот татко и тогашниот градоначалник на општина Македонски Брод, како и поранешниот прв лустратор Томе Аџиев.

Поврзани новости