Милошоски: Се помалку пратеници имаат желба да влезат во бродот што тоне на Ковачевски

by Fokus

По однос на можна широка коалиција, пратеникот од опозицијата, Антонио Милошоски вели дека се помалку политички субјекти или пратеници имаат желба или, како што вели, „намера да влезат или да се качат во бродот што тоне“ и е управуван од премиерот Димитар Ковачевски, кој нема сериозен план за енергетската и економската криза која што секојдневно прави се поголеми штети.

За стабилноста на парламентарното мнозинство, Милошоски потенцира дека примерот со пратеникот Кастриот Реџепи е најдобар показател дека во парламентарното мнозинство нема борба за европски вредности стандарди и реформи, туку има борба за поголемо влијание власт или за позиции.

-Тоа е примерот и на Катстриот Реџепи и на внатрешните превирања во ДУИ. Не би ги коментирал и сами нека одлучат како ќе завршат тие внатрешни превирања но очигледно е дека борбата за власт и за позиции е поважна од напорот власта да понуди некои реални решенија за подобро надминување на оваа криза, рече Милошоски

 

Поврзани новости