Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски каде што истакна дека Венко Филипче нема авторитет ниту кај своите сопартијци и поради тоа одбира да критикува се што е добро.
„Според мене мислам дека Венко Филипче како нов претседател на СДС се обидува да се докаже не толку пред целокупната јавност туку се обидува да се докаже пред јавноста која е поблиску до СДСМ мислам дека го нема авторитетот на неговите претходници, мислам на Зоран Заев, Црвенковски, Радмила Шеќеринска и други претседатели кои што биле на чело на СДС и обидувајќи се да го изгради тој авторитет одбира да критикува се“ кажа Милошоски.
Милошоски ја посочи лошата состојба која што наследи новата влада во однос на институциите и празниот буџет.
„Поминаа 100 медени дена но јас не би рекол така, за прв пат Македонија од кога е независна држава немавме 100 дена на владата да и се даде можност да се адаптира на новите услови а новите услови не беа ни малку лесни затоа што буџетот беше во многу лоша состојба, довербата во институциите на катастрофално ниско ниво и затоа сметам дека настапот на Венко Филипче да критикува се не соодветствува со реалноста со работата на Владата, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Милошоски во однос на кредитот од Унгарија истакна дека досега немало потранспарентна најава, дека е најавен точно уште во предизборието, со многу ниска поволна камата ,со средства кои се прилично добри и за ликвидноста на македонското стопанство но и за општините бидејќи голем дел од средствата би биле наменети за сите општини за нивните инфраструктурни проекти“ нагласи Милошоски.
Милошоски се осврна и на евроинтеграциите каде што потенцираше дека претходната власт на ДУИ и СДС направила огромни грешки особено со потпишувањето на договорот во 2022 година кога власта на СДС и ДУИ им подари инструмент на Бугарија за легално блокирање на ЕУ интеграциите.
„Сметам дека владата на СДС и ДУИ направија голема грешка, суштинска грешка кога прифатија билатеризација а евроинтеграциите. Со потпишувањето на вториот протокол кој што Бујар Османи и неговата колешка во Софија го потпишаа во 2022 година сметам дека се направи голема грешка. Тогаш на Бугарија владата на СДС и ДУИ и подари инструмент за легално блокирање на ЕУ интеграциите. Кој што гледаме дека сега резултираше со поволна одлука за Албанија и неповолна одлука за Македонија“ потенцира Милошоски.