Милошоски работи против Македонија, реагираат од СДСМ

by Fokus

Срамно, десната рака на Христијан Мицкоски и докажан извор на лажни вести, Антонио Милошоски отишол во Вашингтон да лобира Северна Македонија да не започне преговори за членство во ЕУ, реагираат од СДСМ.

Од владејачката партија тврдат дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска од Вашингтон, на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност, соопшти дека од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

„Милошоски наместо да бара ЕУ да донесе одлука што поскоро нашата држава да започне процес за преговори со Унијата, заслужени, за кои ги имаме исполнето сите услови, тој го прави сосем спротивното, работи за блокада на евроинтеграциите. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е докажан противник на евроинтеграциите, партија која сака државата да ја врати назад во изолација, раскарана со соседите и демократскиот свет“, се наведува во соопштението од СДСМ.

 

Поврзани новости