Милошоски: Прашање на време е кога Бугарија ќе ја блокира Македонија

by Фокус

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на ТВ 24 изјави дека Бугарија ги зајакнува своите позициии и, според него, прашање е на време кога Бугарија ќе одлучи да ја блокира Македонија.

-Дали ќе биде на самиот старт или ќе го помести за некоја од следните фази во разговорите помеѓу Македонија и Европската комисија. На ова укажавме уште во март годинава кога се одржа советот на Европската унија и кога бугарската делегација успеа со подобра дипломатска активност да си додаде една изјава која стана составен дел од заклучоците на советот на Унијата и кој се однесува на јазикот. Дури и го оспоруваат и сменетото уставно име и тезата за ширење на државно спонзорирана антибугарска пропаганда – рече Милошоски.

Тој додаде дека, според негови сознанија, за време на посетата на министерот Бујар Османи на Софија на средбата со колешката Захариева добил нон пејпер на кои се наведени условите под кои Бугарија би дозволила да почне меѓувладината конференција без да ја блокира Македонија.

Поврзани новости