Постојат крила во владејачките партии, во владејачката партија ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се кохезивна група во Собранието, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
-Очигледна е на јавната сцена. Имаме речиси секојдневни коментари, реплики, препукувања на едното со другото крило во ДУИ. Меѓусебно се обвинуваат за непотизам, висока корупција, притисоци, закани и слично. ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се кохезивна група во Собранието. Освен јавните изјави кои ги даваме преку медиумите и меѓусебните реплики, во моментов нема ниту формална ниту позадинска комуникација на власта со опозицијата. Власта со арогантното однесување кон нашите два предлози дадени на лидерската средба и немањето желба нив сериозно да ги разгледа, ги сруши мостовите за комуникација – рече Милошоски на Сител.
Тој потенцира дека во овој момент нема ниту поединечна, ниту официјална, ниту дискретна комуникација на власта со опозицијата, затоа што, како што рече, нема потреба.