Милошоски: Победата ќе биде убедлива

by fokus

Носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ Антонио Милошоски денеска беше на Широк Сокак во Битола од каде изјави дека победата е извесна и повика на масовно учество и гласање на претстојните вонредни парламентарни избори.

-Чувствуваме, а такви информации и добиваме од терен, од граѓаните, дека победата на коалицијата „За подобра Македонија“ е извесна и ќе биде убедлива. Сакам да ги поканам сите и определени и неопределени да ни се придружат на 11 декември на мирни и достоиинствени избори, да се гласа со голема масовност, да се гласа за стабилна економија, за стабилно здравство и за напредно земјоделство, за повеќе странски инвестиции, за повеќе инвестиции во спортот, културата и инфраструктурата, рече Милошоски.

Тој како и неговиот лидер, побара 63 пратеници за, како што рече, да се заврши кризата и за стабилно Собрание.

Поврзани новости