654
Антонијо Милошоски објави дека денеска ја напуштил Инфективната клиника и дека е дома. Сите тестови кои му беа направени беа негативни, но поради присуство на симптоми тој лежеше во болница 21 ден.
-После 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид19 повторно дома. Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато.
Срдечно им благодарам на лекарите од Инфективната клиника-Скопје, како и на сите медицински сестри, кои иако се преморени, деноноќно се борат за секој пациент.
Чувајте се. Ве поздравувам со желби за добро здравје, напиша Милошоски.