Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ , Антониот Милошоски, веднаш по свечената седница за инаугурација на Стево Пендаровски, рече дека новиот претседател има политичка хипотека.
– Оние што гласаа за него, пред се мислам на политичките партии кои го подржаа, ќе бараат возврат за услугата. Сигурен сум дека ќе има политички фактури кои ќе треба да се наплатат. Во секој случај му пожелувам успешен мандат – рече Милошоски.
Тој додаде дека голем број луѓе не гласаа за Пендаровски и не му дадоа доверба, но, додаде пратеникот, тој доби политички кредит од политичари и партии.
-Тие ќе очекуваат тој кредит да им се врати. Враќањето на тој кредит нема да биде од Пендаровски, а во следниот период ќе видиме кои сметки ќе стигнат на сметка на државата, Владата и на институциите – рече Милошоски.
Тој оцени дека недоаѓањето на премиерот Зоран Заев на свечената инаугурација е, како што рече, многу чудно и невообичаено.