627
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика Антонијо Милошоски преку социјалната мрежа Фејсбук информираше дека пратениците од власта гласале против Декларацијата за Гоце Делчев.
–На денешната Комисија за надворешна политика пратениците од СДСМ/ДУИ гласаа против Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, со што истата не беше усвоена, напиша Милошоски.