Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Митрески од СДСМ и Бендевска од ЗНАМ ќе бидат потпретседатели на Собранието

by Fokus

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се очекува да бидат избрани за потпреседатели на Собранието.

Имињата на тројцата идни потпретседатели на Собранието беа утврдени на Комисијата за избори и именувања, а треба да бидат избрани на утрешната собраниска седница откако.

„Типично, опозицијата и една до две партии од владејачкото мнозинство добиваат потпретседателско место. Бројот на потпретседатели треба да го финализира Комисијата за прашања на изборите и именувањата“, изјави Бендевска во гостување на ТВ21.

Пратениците денеска гласаа и за точката за основање на постојаните работни тела на Собранието која помина со 91 гласа за, без ниту еден против и без ниту еден воздржан.

O.K.

Поврзани новости