Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната прес-конференција порача дека очекуваа поддршка од сите политички партии во однос на предлог резолуцијата за евроинтеграциите.
Би сакал да ве информирам по однос на предлог резолуцијата за евроинтеграции и наметнатите билатерални спорови за кои што цениме дека треба да има македонски државни позиции, денеска остваривме средба со пратениците на ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз, а утре треба да оствариме средби со пратеничките групи на Алијанса и Алтернатива и ДУИ.
Денешната средба со пратениците на ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз беше продуктивна и во принцип оценивме дека суштината на оваа декларација може да биде политички корисна во самата резолуција, се меѓународни норми и стандарди поврзани со човековите права и правата на секој народ да се самоидентификува и да си ја определува својата култура, историографија, јазична традиција и сл.
Очекуваме оваа резолуција да помине во македонското Собрание и сметаме дека доколку политичките партии се обединат околу една ваква заедничка резолуција.
Тоа ќе биде корисно и за Македонија, ќе биде корисно и за македонското општество да нема дополнителни поларизации, а сметаме дека може да биде корисно и во рамките на самата ЕУ да ги претстави на еден праведен и сериозен начин позициите на Македонија како дел од европската култура и македонскиот народ како дел од европските народи“, истакна Милошоски.