Милошоски: Нема да гласам за нов термин за избори!

by Фокус

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, порача дека нема да гласа за нов термин за оддржување на предвремени парламентарни избори.

„Година и кусур Зоран Заев ја држи цела Македонија во тензија, не ја признава изборната народна волја и бара предвремени избори. За да се надмине кризата за доброто на државата, му се попушти и заеднички беа договорени избори на 24 април 2016 година. Повеќе нема – изнудените изборите се договорени на 24 април. За друг датум, одлагање и со тоа продолжување на кризата во земјава, јас како пратеник во Собранието, нема да гласам“, напиша Милошоски на неговиот фејсбук профил.

Откако опозицијата одби да учествува на изборите во договоренито термин без претходно да се прочисти избирачкиот список и да се регулираат медиумите, во јавноста се појавија шпекулации дека изборите може да се оддржат на 5 јуни.

Поврзани новости