Анонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на Топ Тема рече дека обвинувањето од СЈО во кое дел е и дека тој влијаел за лустрација на судија од Кичево е политичко, а откако му беше пуштена снимка од неговото гостување на Топ тема минатата година во кое тој признава дека постоел телефонски разговор со претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, Милошоски рече дека тоа било само за да се информира.
-Јас мислам дека ваквите димни бомби СЈО ги пушта наменски кога има посериозни политички теми. Затоа сметам дека се политички инспирирани, мислам дека така и ќе завршат. Човек кој бил следен во време на СФРЈ поради идеи за независна Македонија прашува како може да дојде до правдата. Без никакви ургенции. Не може човек за никого да измисли дека некој бил соработник на службите ако не бил, рече Милошоски.