773
Опозицискиот пратеник Антонијо Милошоски уште еднаш потврди дека неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никакви уставни измени и поради тоа повикаа на референдум.
-Каков и да биде исходот од референдумот, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени. Ние сметаме дека Уставот во моментов не треба да се отвора, бидејќи ќе отвори уште поголеми политички проблеми. Ако помине референдумот, ќе изградиме подобри односи со Бугарија“, истакна Милошоски во гостувањето во ТВ Сител.
Според него, јавноста е зрела за овој Договорот за добрососедство да биде ставен на тест и истиот да биде прекинат.