90
По вчерашното прегласување, речиси е познат новиот парламентарен состав. Пратеникот и член на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски очекува дека новата влада ќе се формира до 20-ти јуни.
Тој во објава на социјална мрежа „Х“ истакна дека неговата партија освоила 58 места во парламентот, а дека коалицијата ВЛЕН, со која ВМРО-ДПМНЕ преговара за формирање нова Влада, има 14 мандати.
-Во новата влада најверојатно ќе учествуваат ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, стои во објавата на Милошоски.