Милошоски најави „бомба“ за Заев во 11 часот

by Fokus

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска од 11 часот ќе одржи прес конференција, на која, како што рече, ќе прикаже „бомба“ за екс-премиерот Зоран Заев.

Почитувани,денес медиумите ќе бидат запознаени со материјал од висок јавен интерес, доставен од анонимен укажувач….

Publiée par Antonio Miloshoski sur Dimanche 23 février 2020

„Денес медиумите ќе бидат запознаени со материјал од висок јавен интерес, доставен од анонимен укажувач. Материјалот е сериозна индиција за злоупотреба на службената положба на поранешниот премиер, преку експлицитно признание за директно мешање на извршната во одлуките на судската власт, на највисоко ниво.

Бидејќи бев известен дека во Собранието нема да ми биде овозможено да имам прес конференција, истата ќе ја одржам во прес салата на ВМРО ДПМНЕ, во 11 часот“, истакна Милошоски.

Поврзани новости