Милошоски на средба со Русковска: Ќе доставам транскрипт дека Заев бил во тек со рекетот на Боки

by Фокус

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информираше дека утре ќе оддржи средба со обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска, на која ќе и го предаде аудио-материјалот што го презентираше во парламентот поврзан со финансирањето на Меѓународниот сојуз и 1ТВ.

„Во прилог на овој материјал ќе го доставам и транскриптот од чија содржина произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на “Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ. Се надевам дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет“, напиша Милошоски на фејсбук.

Поврзани новости