Милошоски му врати на Османи: Дали пак Наќе ќе биде крив?

by Фокус

Поранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски реагираше на прозивката на сегашниот министер Бујар Османи, кој денеска истакна дека во време на Милошоски за амбасадори и конзули се испраќале некомпетентни лица.

-Спинувајќи со дипломатски именувања од пред 10 години, министерот Османи имплицитно признава дека само пред 10 дена именувањето на генералните конзули во Чикаго и Њујорк биле спротивни на членот 49 од законот за надворешни работи. Второ, кога Османи ќе го покаже пред јавноста записникот од затворените седници на кои се донесени незаконитите одлуките за генералните конзули во Чикаго и Њујорк и дали некој актуелен функционер ќе понесе одговорност или пак Наќе е крив? – рече Милошоски.

Инаку, Османи претходно посочи дека во претходните години биле испраќани луѓе кои претходно работеле во фирми за лекови, чоколади, детски градинки.

– Конзул во Солун а потоа и амбасадор бил директно земен од фирма за лекови. Генерален конзул во тој период преземена од детска градинка. Генерален конзул во Торонто со Факултет за физичка култура преземен од Агенција за млади и спорт. Амбасадор во Загреб имал Факултет за шумарство, а претходно управител на старечки дом. Амбасадор во Абу Даби, претходно бил вработен во фабрика за чоколадо. Амбасадор во европска земја, од претходно искуство придружба на сопруг-амбасадор. Амбасадор во Анкара бил преземен од Македонски пошти – рече тој.

Поврзани новости