-Мислам дека постои позадински таен договор меѓу одредени влијателни актери во државата вклучувајќи го тука и самиот прв човек на владата, но и оние коишто претходно биле влијателни на таа позиција. Мислам дека постои премолчен договор да не се стигне до целосната вистина за одредени случаи. Како поинаку да го разбереме сведочењето на Верушевски, кој беше и се уште е прв соработник на Заев и ги имаше на располагање преслушуваните материјали, кога на едно од последните рочишта кажа дека голем дел од тие материјали биле компромитирани, рече вечерва Милошоски.

- Advertising -

Тој ја објасни својата теза со бегството на поранешниот премиер Груевски.

-Една година јавноста е во исчекување да види каде е извештајот од МВР и ЈО за тоа како се случи поранешниот премиер да ја напушти земјата. Сметам дека реба да има одговорност, но не гледам дека има, рече Милошоски.

Порашениот министер за надворешни работи даде и конкретен одговор, како, според него, се одвивала организацијата на бегството на Груевски, односно каков таен, односно премолчен договор му претходел на самото бегство, појасни тој.

-Мислам дека постои премолчен договор меѓу премиерот Заев и најблиските соработници на порашениот премиер Груевски, рече Милошоски и објасни дека врз основа на случувањата што досега сме ги посведочиле и кои допрва ќе следуваат јавноста сама ќе процени кој се имал полза од ваквиот договор.

Тој потсети на тврдењата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој пред нецела година тврдеше дека братот на премиерот Заев, Вице, и е во многу добра соработка и комуникација со братучедот на поранешниот премиер.