491
По прес-конференцијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој ја презентираше владината програма, со реакција излегоа од ВМРО-ДПМНЕ.
Антонио Милошоски порача дека ако Заев сака да ги увери граѓаните дека води политика за доброто на Македонија, треба да ја отфрли албанската платформа.
-Зоран Заев се обиде еден час преку читање на партиски памфлет да ја увери јавноста, а тоа можеше да го стори само со една минута- да се откаже јасно и гласно од платформата од Тирана-изјави Милошоски.
Тој го повика Заев да прифати формирање малцинска влада или одржување на нови избори на кои ќе се гласа и за платформата.