Милошоски: Кратењето на парите за партиите е соодветно, но задоцнето

by fokus

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конренеција одговарајќи на новинарско прашање рече дека мерката за кратење на парите предвидени за политичките партии е соодветна, но требало да биде донесена порано.

-Ќе беше многу попродуктивно доколку оваа уредба беше донесена уште во текот на месец март и овие средства уште тогаш беа употребени во одредени болници или места кои што се на линијата на фронтот против ковид-19. Но доколку логиката на актуелната влада и целта е да се насочат што повеќе средства за борба против ковид-19 тогаш апелираме до фирмите на братот на Зоран Заев и до фирмите на Кочо Анѓушев кои што добија многу големи средства од антикризните мерки, а се фирми кои што прават многу голем профит добиените средства од владата да ги уплатат во солидарниот фонд на Нина Ангеловска. Само на тој начин фамилијата Заеви и високи до вчерашни или сегашни владини функционери ќе покажат дека навистина сакаат да и помогнат на Нина Ангеловска да има повеќе средства за борба против пандемијата, рече Милошоски.

Поврзани новости