Милошоски кон Димитров: Дали советниците на СДСМ и ДУИ кои гласаа за изградба на споменик на Александар Велики се искомплексирани?

by fokus

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски упати критики кон министерот за надворешни работи, Никола Димитров на денешната дебата во Собранието.

Според Милошоски, Димитров ја навредил македонската нација со тоа што ја нарекол „нација со комплекс“.

„Јас ќе ве замолам да се обидете да замислите како министерката Екатерина Захариева, изјавува дека целата или дел од бугарската нација е со комплекс. Таа ќе си поднесе оставка од морални причини. Замислете Коѕијас да каже дека дел од грчката нација е со комплекс. Треба да се има почит кон сопствената нација. ниеден министер за тоа да ги опомени, а камо ли да ги навреди. Грција која не признава постоење на македонско, турско и албанско малцинство, не е нација со комплекс. Димитров, тврдите дека Македонија е нација со комплекс ако го немало Александар Македонски, нема да знаеме кој сме. Дали советниците на СДСМ и ДУИ кои гласаа да се гради споменик на Алекснадар Македонски, биле советници со комплекс? Тогаш одлуката не го иритира, затоа што има фотелја во Вашингтон“, истакна Милошоски.

Поврзани новости