Милошоски: Кога станува збор за Катица Јанева, Русковска се однесува како адвокат

by fokus

За жал, ова средба, за разлика од претходната не беше продуктивна, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, по денешната средба за Законот за ЈО во Министерството за правда, која помина без напредок.

Како што рече Милошоски „власта не е подготвена по никоја цена да се откаже од Вилма Рускоска“.

-Власта не е подготвена во системското решение на Законот за јавното обвинителство да прифати концепт во кој обвинителството ќе има поголема одговорност, но и доверба од јавноста дека вистински се бори против организиран криминал и висока корупција. Гледаме дека за се се спремни да разговараат, но не и за губење на политичката контрола на владата врз Обвинителството за организиран криминал и висока корупција – рече Милошоски.

Тој додаде дека последниот случај, „Рекет“, само покажува дека обвинителката Рускоска за неподобните политички лица се однесува како обвинител, а кога станува збор за Катица или некои Кики и Фрики се однесува како адвокат.

-Ова обвинителство не се труди во случајот „Рекет“ да открие повеќе докази, туку со одолговлекувањето, со изгубените телефони и годишните одмори како да се труди да сокрие повеќе докази за овој мегаскандал. Сметаме дека тоа во моментов се појавува како пречка за продуктивноста на разговорите за Законот за ЈО – рече тој.

Поврзани новости