На својата акредитација како претставник од македонското Собрание на конференцијата во Советот на Европа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ја пречкртал „Северна“ од името на државата.
„Македонија е името на народната воља, согласно референдумите од 1991 и 2018 година!
Искористи ја за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и заради достоинството на секој Македонец!“, напиша Милошоски на фејсбук.
Инаку, во наредните 4 дена , делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата Бетиане Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски, ќе учествуваат на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ што се оддржува во Стразбур, Република Франција.