460
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска доби критики од специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, поради законот за СЈО.
Милошоски не остана должен и веднаш и одговори на Јанева на критиките од нејзина страна.
„Мојот скромен коментар би бил, со толку висока плата ќе беше полезно и за неа и за јавноста да прочита некоја добра книга за да го збогати својот вокабулар, ако веќе е касно да се поправи нискиот просек од правниот факултет“, истакна Милошоски.