432
За пропаѓањето на СЈО е одговорна актуелната власт, која го злупотреби СЈО за политички и материјални цели. Ова го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во гостувањето на „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.
„Еден министер кажа дека кај Боки 13 на гости дома оделе видни министри. Бил министерот Венко Филипче, била неколкупати министерката Шекеринска, други претставници и градоначалници на СДСМ. Што правеле тие кај Боки? Слушале стари плочи од 80-тите или разговарале со Катица Јанева и со него за некои други теми“, истакна Милошоски.