638
Пратеникот Антонијо Милошоски денеска на Твитер му одговори на еврокомесарот Јоханес Хан за неговата изјава дека има информации за закани кон пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат да гласаат за уставните измени.
-Господине Хан, ако го поддржам пропаднатиот референдум и неуставниот договор, баба ми ми се закани со зборовите „главата нема да си ја најдеш на рамена“. Ве молам кажете ми во која ЕУ институција треба да ги пријавам заканите и да побарам заштита од баба ми, му пиша Милошоски на Хан.