Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска информираше дека пратеници од опозицијата испратиле писмо до премиерот Димитар Ковачевски, да ги достави нацрт-документите за кои се преговара со официјална Софија.
Тој информира дека ова го барале од премиерот бидејќи самите по кодексот на Владата напоменуваа во членот 1 дека носителите на извршни функции редовно ќе даваат отчет пред Собранието, но и дека исто така го бараат врз основа на членот 68 од Уставот каде што Собранието има уставна надлежност да врши политичка контрола над извршната власт.
-Дополнителен аргумент за отворања на оваа дебата е и веќе воспоставената пракса од јули 2017 година кога тогашниот премиер лично учествуваше на Комисијата за надворешна политика и до пратениците го достави нацрт-договорот за добрососедство и побара седницата да биде затворена.