Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски, се осврна на на делот на обраќањето на министерот Бујар Османи, во врска со одлуката за почеток на преговори од март 2020 година.
– Но, кога таа одлука беше донесена вие лично на прес конференција пред македонската јавност со Никола Димитров и Оливер Спасовски како тогашен технички премиер кажавте дека одлуката е безусловна, а гледаме дека сега има 5+1, 3+1, 2+1 имаме услови кои што задираат дотаму што одат до Уставот на Република Македонија кој што е темел на политичкиот суверенитет на една држава, рече Милошоски.
Тој вели дека тенка е линијата помеѓу разговори и преговори, посочувајќи дека приоритет на власта е да опстане на власт и може да влезат да разговараат за идентитетот и јазикот, прашувајќи зошто доколку има добра волја од страна на Бугарија не се прифати да се потпише договорот помеѓу Македонија и Фронтекс.
– Османи зборуваше да изградиме заеднички позиции, зборуваше за зрелост, за почит и за меѓусебна доверба. Како ние да имаме доверба како пратеници кои ги избрал народот, пратениците ја избрале Владата а Владата не сака со нас да сподели еден нон-пејпер што во декември бил испратен во Софија. Како да ги изградиме тие позиции кога вие сте го напишале вашето мислење, стручно лице го дополнило тоа мислење, а вие не ни давате ниту право, ниту доверба како пратеници да дадеме сугестија за тој нон-пејпер кој сакаме да биде во согласност со декларацијата која ова собрание ја усвои, вели Османи.
Милошоски му се обрати на Османи велејќи оти прави преседан бидејќи потврдува дека има документ дека истиот е неформален, дека е работна верзија, а ја ускратува можноста пратениците во таа работна верзија да го дадат својот придонес.
Шефот на дипломатијата Османи, во делот на недоставување документи, реплицираше дека во момент кога ќе имаме која било формулација за која што ќе сметаме дека станува основа за договор, дека е прифатлива од двете страни пред да се каже нашиот став кон Република Бугарија ќе дојдеме тука и ќе доставиме документи.
– Во моментот се само работни верзии на идеи коишто не можам да ги доставувам како официјални позиции на Владата до Собранието. Но, еве, тоа што можам да направам е кој било пратеник нека дојде во МНР и јас ќе им ги почитам пред нив сите формулации, меѓутоа не можам да доставам документи што се се уште само работни верзии, што се разменуваат. Меѓутоа, еве, отворена е вратата на МНР, можам во кое било време да ве информирам за сите детали, рече Османи.