Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, по повод вчерашниот критички настап на Владимир Милчин кон владата, упати критики кон актуелното вмровско раквоодство на чело со Христијан Мицковски.
„Со сите суштински идеолошки разлики со него како социјалдемократ и контраверзите од неговиот влог во режираната „шарена револуција“, сепак треба да се каже дека вчера Милчин јавно и без тактизирање ги фрли критиките што кон власта би требало да ги упати лидерот на опозицијата за името и уцените, за Грција и уцените, за неверувањето во Заев и неговата уценетост, за немањето реформи, за неспособноста на Бујар и Садула, за фаличноста на законот за двојазичност, за можни протести на разочараните граѓани… Видовме дека лукаво и организирано ја преземаа власта. Сега, доколку Милчин и неговите истомисленици продолжат со категорични критики кон власта, а водството на ВМРО-ДПМНЕ сеуште „математички прецизно“ тактизира, се плашам дека можат да ни ја превземат улогата и на опозиција. Време е за став, без страв“, напиша Милошоски на неговиот фејсбук профил.
Инаку, тој беше еден од потписниците на иницијативата за одложување на партискиот конгрес, на кој Мицковски беше избран за наследник на Никола Груевски.