Милошев: Тодоров прво себе да се казни

by Фокус

Откако министерот за здравство Никола Тодоров пред неколку дена најави казни за лекарите затоа што доцнеле на „Мој термин“, со реакција денеска излегоа и од опозициската СДСМ. Од таму обвинуваат дека власта ги крие своите слабости во здравството и катастрофалните последици од нивните политики, со критиките кон лекарите околу „Мој термин“ и според нив, министерот прво треба сам да се казни.

-Нема нови болници. Нема минимум достоинствени услови за пациентите. Нема минимум цивилизирани услови за работа на медицинскиот персонал. Нема минимум хигинески услови, а не професионални. Нема лекови и медицински материјали во болничките шкафови, што треба да ги има. Пациентите сами си ги купуваат. Нема реагенси во болничките лаборатории. Ако зборуваме за Штип, и по 8 години, сеуште ја нема ни ветената нова болница. Нема ни одговор од Тодоров зошто сето ова што мора да го има, го нема – истакна доктор Влатко Милошев, претседател на ОО на СДСМ Штип.

Тој бара од Тодоров да им признае на граѓаните: Дали знае дека електронскиот систем „Мој термин“ паѓа неколупати во текот на денот, што по автоматизам значи задоцнување со прегледите?

– Ако знае, а знае, зошто не презема ништо? Дали Тодоров знае дека во една амбуланта, преку еден компјутер, работат четворица лекари специјалисти? За да не чекаат пациентите, ако Тодоров ова го знае, а го знае, зошто не презема ништо? Бидејки тој го претвори медицинскиот персонал во администрација, воведе задолжителното пополнување на т.н.клинички патеки, обврска за снимање операции, комисии за утврдување на неопходноста од извршување хируршка интервенција, тој, Никола Тодоров треба да одговори, зошто им го направи тоа на пациентите – порача Милошев.

 

Поврзани новости