Милосављев емотивно се прости од Вардар: Сонував со отворени очи

by Fokus

Српскиот голман од редовите на Вардар, Дејан Милосављев со емотивна порака се прости од европскиот првак од Скопје.

Тој својата кариера ќе ја продолжи во германскиот клуб Фиксе Берлин, а преку социјалните мрежи се заблагодари за времето поминато во клубот од Скопје.

„Година дена која не се опишува во мојот живот во еден од најголемите светски клубови. Благодарам.

Вардаре, во срце ќе те носам. Благодарам на совршената екипа која многу даде и направи од мене тоа што сум во моментов. Благодарам на сите луѓе кои направија да се чувствувам убаво и да сум дел од вас. Шампиони на Македонија, Суперкуп на Македонија, СЕХА лига, ЕХФ Лига на шампиони. Сонував со отворени очи и ви ја посакувам целата среќа на светов“, напиша Милосављев.

Поврзани новости