Милорад Додик хоспитализиран во Белград

by Фокус

Милорад Додик е примен во болница во Белград, потребна му е операција, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Српска.

Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска, соопшти Кабинетот на претседателот на РС.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, според првата дијагноза, по потребните подготовки, тој ќе биде опериран на хранопроводникот и желудникот.

Претседателот на Република Српска попладнево беше прегледан во Белград поради акутни болки.

Поврзани новости