Милков: Сакаме во Северна Македонија да бидат заштитени правата на Бугарија

by Fokus

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков во гостувањето во БТВ говореше за состојбата на Бугарија во Македонија. Како што истакна тој, очекува практични чекори од македонската влада.

„Сакаме во Северна Македонија да бидат заштитени правата на Бугарите. Ние се стремиме кон таква деескалација, која ќе доведе до подобра заштита на правата на Бугарите. Очекуваме практични чекори. Најважниот практичен чекор, секако, е вклучувањето на Бугарите во Уставот“, рече Милков.

Поврзани новости