Четири милиони евра од Европската банка за обнова и развој ќе бидат достапни на малите и средни претпријатија за инвестиции во конкурентност преку Охридска банка.
Како што информираат од ЕБОР, малите и средните претпријатија ќе можат да добијат техничка помош, вклучувајќи и советодавна поддршка преку ЕБОР. По успешно завршување на инвестицијата, ќе се стекнат со право на повратен грант од 15 отсто од вкупната сума на кредитот, обезбеден од Европска Унија.
Кредитот е дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните пријатијата на Западен Балкан, преку која ЕБОР обезбедува кредитирање, а Европската Унија која обезбедува техничка помош и грант. Целта е да им се помогне на малите и средните претпријатија во модернизација на активностите и да се искористат можностите за зголемување на трговијата со Западен Балкан и поширокиот европски пазар.
-Ги поддржуваме малите и средните претпријатија во Северна Македонија, а со потпишувањето на новата кредитна линија со Охридска банка го подобруваме пристапот до добро структуирано финансирање и советодавни услуги кои ќе им помогнат да напредуваат. Заедно со ЕУ, преку нашата успешна Програма за поддршка на конкурентноста на МСП, поддржавме над 120 МСП со комбинирано финансирање во износ од над 30 милиони евра и се надеваме дека уште голем број МСП ќе имаат корист од оваа поддршка, изјави Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија.