МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ ИМ ДОНЕСЕ НАД 3.000.000 ДЕНАРИ НА ДВАЈЦА СРЕЌНИЦИ

by fokus

Во рок од само неколку дена, двајца среќни играчи на Видеолотарија Касинос Австрија добија вкупно 3.000.000 денари, благодарение на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ.

Првата добивка беше освоена на 23 јуни, во скопското село Марино во вредност од 1.625.443 денари. Четири дена подоцна, во Велес беше освоена и втората добивка, во износ од 1.410.450 денари. И двајцата добитници посакаа да останат анонимни, но нивната среќа кога дојдоа да ги примат добивките, не можеше да се скрие.

Терминалите на Видеолотарија Касинос Австрија се распространети низ цела земја и секој од нив има подеднакви шанси да донесе добивки Мини Џекпот, во вредност од 4.000-5000 денари, МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во висина од 1.200.000 до 1.800.000 денари или СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, кој се движи од 8.000.000 до 12.000.000 денари, а воедно е и најголемата добивка на сите времиња во земјава.

ПР

Поврзани новости