Поранешната градоначалничка на Арачиново, Миликије Халими која стана директор на АД „Аеродроми Македонија“ имала завршено економски факултет.
Од нејзиниот кабинет за Канал 5 изјавиле дека Халими има завршено економски факултет, не не прецизирале кога ги завршила студиите и на кој Универзитет. На нејзиниот Фејсбук профил пак стои дека има завршено Педагошки факултет.
Премиерот, Димитар Ковачевски денеска застана во нејзина одбрана и рече дека за функцијата ја предложила Владата и била избрана едногласно од Надзорниот одбор на акционерското друштво.
-Сепак тоа е едно мало претпријатие и врз основа на универзитетска диплома која што таа ја има поднесено таму. Предложена е од Владата на врз основа на унверизитетска диплома којашто ја има и каква што диплома имаат и други функционери коишто обавуваат пратенички или други функции, рече Ковачевски.
Откако и заврши градоначалничкиот мандат Халими беше вработена во Царина со средно медицинско како инспектор за борба против економски криминал. За новата функција јавно се заблагодари на матичната СДСМ.